Фото: Принтскрин / ТикТок

ВИДЕО | Купил куќа стара 450 години, па се шокирал што нашол во дворот: Oд земјата излегле необични предмети

Марк Роуландс е активен на социјалните мрежи каде дава совети за хортикултурата, а неодамна објави видео кое привлече внимание поради сосема друга причина. Тој објасни дека купил селска куќа стара 450 години, а потоа решил да го среди дворот и да изгради мало езерце. Но, немал поим какво изненадување го чека, пишува „Мирор“.

„Кога купувате ваков имот, мора да разберете дека ја купувате и неговата историја. Замислете ги генерациите што поминале овде во последните 450 години“, рекол тој.

Марк откри дека ископал неколку необични предмети во дворот.

Фото: Принскрин / ТикТок

„Пред 450 години немало канти за ѓубре, како денес, па луѓето често го закопувале отпадот. Додека работев на езерцето, најдов интересни предмети“, раскажал тој.

На видеото можат да се видат бели глинени садови и стаклени шишиња со различни форми и бои.

Фото: Принтскрин / ТикТок

„Глинените садови се недопрени, но за што биле тие?“, се запрашал Марк.

Потоа ги покажа стаклените шишиња што дадоа повеќе индиции.

„На едно од шишињата пишува ‘Холс вајн енд тоник’, како и Г.Ф.и А. Браун и синовите, Нантвич и Кру. Тоа значи дека производителот е од овој регион. На другата го гледаме натписот “Ханкинсонс алтерин’, прецизирал тој.

Фото: Принтскрин / ТикТок

Интересно е дека шише со натпис „Ханкинсон алтерин“ се продава на Ибеј за 70 евра, а се наведува дека датира од 1920 година. На интернет се нуди и „винтиџ“ шише со ознака „Холс вајн енд тоник“, а цената е околу 50 евра, со назнака дека потекнува од 1910 година.

Корисниците на социјалните мрежи беа воодушевени од видеото, а некои споделија повеќе информации.

„Ваквите садови и шишиња можат да бидат стари и над 100 години, а најчесто потекнуваат од викторијанската ера“; „Во раните 1900-ти, глинените садови се користеа за чување џем“; „Зелените шишиња се користеа за лекови“, беа дел од коментарите.

@markshouseandgardenuk #gardening #gardens #gardener #hacks #hacksandtips #howtogarden #yardwork ♬ original sound – markshouseandgardenUK

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот