ВИДЕО: Kултниот хит „Мама“ на белградската група Ван Гог во нов акустик лајв спот

Групата Ван Гог објави спот за акустичната верзија на песната „Мама“ / Фото: Ван Гог

Групата Ван Гог објави спот за акустичната верзија на песната „Мама“ од концертот одржан во Комбанк арената во 2019 година.

„Спотот за акустичната верзија на песната „Мама“ е најава за екранизираниот акустик концерт на групата Ван Гог, во кој публиката наскоро ќе има можност да ужива на ЈуТјуб каналот на бендот и преку малите екрани ширум регионот, како и најава за претстојната концертна сезона на групата Ван Гог“ – изјави фронтменот Звонимир Ѓукиќ Ѓуле.

Потврда дека хитот опстојува низ времето и низ актуелните музички трендови, е најновиот спот за песната „МАМА“ од албумот „Страст“ од 1993 година, снимен на акустик концертот, кој групата Ван Гог го одржа во белградската Комбанк арена во март 2019 година.

Публиката која беше на концертот ќе има можност од нов агол да ја доживее атмосферата на концертот, а сите оние кои го имаат пропуштено овој сценско-музички спектакл, ќе имаат прилика наскоро, на истото место, повторно во живо да го слушнат бендот.

„Овој спот, помеѓу другото, најавува и едно наше ново концертно поглавје. Судејќи според расположението на публиката и атмосферата која таа вечер обострано нé понесе, тоа беше еден од специјалните концерти во кариерата. Мило ми е што со овој запис го оттргнавме од заборав“, – истакува Ѓукиќ.

На концертот, да потсетиме, беа изведени песни на Ван Гог од различни периоди на нивната кариера, помеѓу останатите и Вилине Воде, Мама, За године твоје, Опасан плес, Танка нит, Клатно, Нешто вуче ме доле, Да ли зна, Коло, Анѓеле мој брате и многу други.

Акустик спотот за песната „Мама“ само е вовед во екранизираната педесетминутна верзија на концертот што премиерно ќе биде емитирана на телевизиските канали во Србија и регионот, во деновите после новогодишните празници, како и на официјалниот Јутјуб канал на групата Ван Гог.

Да потсетиме дека Ван Гог останаа мошне креативни за време на целата пандемија, после радиските синглови на песните „За сузе нема времена“ и „Више те не волим ко пре“ од новиот албум, како и спотовите за песните „Можда баш сад“, „Готово је све“ и „Емотивно миниран“ во јуни 2021 година, исто така објавија и спот за песната „Какво дивно вече“ од актуелниот студиски албум „Море без обала“. Исто така, имаа и активно концертно лето настапувајќи ширум регионот. Истовремено, во средината на септември го објавија спотот за песната „Зрно чаролије“ на Звонимир Ѓукиќ Ѓуле, пред хуманитарната фондација План.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот