Кралот Чарлс - Фото: Принтскрин/ Икс

ВИДЕО | Кралот Чарлс свиреше популарна детска песничка на морков

Кралот Чарлс ја покажа својата опуштена страна на приемот во замокот Виндзор, каде ја отсвире популарната детска песничка „Твинкл, твинкл, литл стар“ (Twinkle, Twinkle, Little Star) и тоа на морков, пренесува „Би-би-си“.

Настанот, на кој присуствуваа околу 350 гости, ги собра лидерите на музичката заедница и волонтерите од цела Британија за да ја прослават важноста на музиката во заедницата.

Посебно внимание привлече Лондонскиот оркестар за зеленчук, ансамбл кој користи рачно изработени инструменти од локален зеленчук како тиквички, пиперки, компири, репа и тиква. Еден од најпопуларните инструменти во нивниот состав се „флејтите од морков“ направени од музичкиот виртуоз Тим Кранмор.

Кралот среќно му се придружил на оркестарот, смеејќи се додека се обидувал да свири на морковот. На видеото и фотографиите можете да видите како Чарлс учествува во импровизиран настап заедно со членовите на ансамблот, а некои дури свиреле и на тиква или репка.

Лондонскиот оркестар за зеленчук е познат по своите настапи на приватни настани, работилници и кампањи ширум светот, а особена популарност стекна на крајот на 2024 година кога нивниот божиќен настап со песната „Џинг белс“ (Jingle Bells) стана вирален со повеќе од 11 милиони прегледи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот