
ВИДЕО | Кралицата Камила како тинејџерка била жртва на сексуален напад
Кралицата Камила била жртва на обид за сексуален напад кога била тинејџерка, според новата книга „Моќта и палатата“, од авторот и поранешен уредник на колумната за кралското семејство во „Тајмс“.
Препорачано
Кралицата Камила била жртва на обид за сексуален напад како тинејџерка и ја икористила потпетицата од чевлата за да се одбрани од напаѓачот, се тврди во нова книга за монархијата, пренесува „Пипл“.
Queen Camilla Was Sexually Assaulted as a Teen, New Book Claims https://t.co/mvglmoBOcx
— People (@people) August 31, 2025
Според книгата „Моќта и палатата“, објавена во серијал во „Сандеј тајмс“, кралицата му кажала на Борис Џонсон за нападот додека тој бил градоначалник на Лондон, позиција што ја извршувал од 2008 до 2016 година.
Валентин Лоу, автор на книгата и поранешен кралски дописник за „Тајмс“, разговарал со поранешниот директор за комуникации на Џонсон, Гут Хари, кој се сетил дека идниот премиер му кажал за состанокот што се одржал во Кларенс Хаус околу 2008 година.
Според книгата, инцидентот се случил кога Камила Шанд (моминското презиме на кралицата) имала 16 или 17 години, за време на патување со воз до станицата Падингтон во Лондон.
‘She went with the heel of her shoe to go for the attacker.’
Actor Christopher Biggins says the Royal Family are ‘just like us’, as Queen Camilla allegedly, as a teenager, fought off a man on a train who was trying to make inappropriate moves towards her. pic.twitter.com/wZEsj6GlUr
— GB News (@GBNEWS) September 1, 2025
Мажот наводно физички и несоодветно ја малтретирал Камила, по што таа ја соблекла чевлата и го удрила „во препоните“ со потпетицата, применувајќи го советот што нејзината мајка ѝ го дала претходно, да ги користи чевлите за одбрана во таква ситуација.
По пристигнувањето во Лондон, Камила го пријавила инцидентот кај вработените во железничката станица, а осомничениот бил уапсен, објавија британските медиуми.
Како што пишува Лоу, кралицата ја споделила оваа приказна со тогашниот градоначалник на Лондон, Борис Џонсон, во 2008 година.
Бакингемската палата не издаде официјално соопштение во врска со овие обвинувања, но не ја оспори ниту нивната содржина.
Извори блиски до кралицата велат дека таа претходно не зборувала јавно за ова лично искуство за да не го одвлече вниманието од жртвите со кои моментално работи.
Исто така, се нагласува дека овој настан не бил мотив за нејзиното ангажирање во поддршката на жртвите, туку дека оваа одлука била под влијание на приказните што ги слушнала низ годините од луѓе кои преживеале насилство.
Кралски извори додаваат дека ако раскажувањето на приказната за нејзиното искуство придонесува за дестигматизација на насилството од кое многу девојки сè уште страдаат денес, тоа би можело да има позитивно влијание.