Чаирчани ја продолжу низата порази на европската фудбалска сцена/Фото: ФК Шкупи

ВИДЕО: Крај и за Шкупи, косовскиот Балкани во групите на Лига на конференции

И како по традиција, за жал, тука некаде завршува настапот на македонските фудбалски клубови на меѓународната сцена во квалификациските рунди. По поразот од 2:1 во Скопје од косовскиот Балкани, нашиот актуелен првак Шкупи на реваншот од плеј-офот за пласман во групите на Лигата на конференции мораше да брка победа.

Но, чаирчани си ја отежнаа задачата уште на самиот старт од возвратната пресметка во Приштина, бидејќи после само две минути игра црвен картон доби играчот на Шкупи, Абдула.

Играчите на тренерот Гоце Седлоски имаа нерешени 0:0 до 69 минута кога за голема радост кај домашните навивачи се погрижи Кореница после асистенцијата на Рахмани.

Балкани ова лето дебитираше на европската сцена и во својот прв настап успеа да обезбеди влез во групна фаза во едно од клупските натпреварувања под УЕФА.

Шкупи добро го започна летото со 3:2 елиминирајќи го Линколн Ред Импс од Гибралтар во првото квалификациско коло во ЛШ. Потоа, налета на Динамо Загреб со кој извлече одличен резултат на „Максимир“ (2:2), но оттогаш до сега запишуваше само порази.

На реваншот загуби со 0:1, Динамо подоцна се пласираше во групите на ЛШ. А пред двомечот со Балкани, во третото квалификациско коло на Лига Европа Шкупи двапати загуби од ирскиот Шамрок Роверс (1:2, 1:3).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот