
ВИДЕО | Контроверзниот милионер кој пробал буквално сѐ за да остане млад, тврди дека ова масло е најдобро за слабеење
Милионерот Брајан Џонсон (46) е познат по својата опсесија со долговечноста, а наводно троши повеќе од 2 милиони долари годишно на различни третмани за подмладување и продолжување на животот. Тој неодамна изјави дека екстра девственото маслиново масло е подобар сојузник за слабеење од „Оземпик“.
Препорачано
Оземпик е лек кој беше одобрен во САД во 2017 година за третман на возрасни со дијабетес тип 2. Иако не е официјално регистриран како лек за слабеење, многу познати личности признаа дека го користат токму за оваа намена. Сепак, Џонсон верува дека постои поприродна, прифатлива и поефикасна опција.
Појавувајќи се на поткастот на Дерек, Џонсон ги сподели своите размислувања за екстра девственото маслиново масло, кое тој го нарекува една од најмоќните намирници за телото.
Тој ги сподели резултатите од студијата на социјалните мрежи која покажа дека луѓето кои редовно консумирале маслиново масло девет недели изгубиле во просек 1,1 кг повеќе од оние кои не го консумирале, со дополнителна придобивка – намален крвен притисок.
Што велат експертите?
Нутриционистот Абигејл Робертс објасни зошто екстра девственото маслиново масло е толку корисно за телото: „Маслиновото масло е богато со мононезаситени масни киселини кои го поттикнуваат метаболизмот, го намалуваат апетитот и помагаат во согорувањето на телесните масти. Истражувањата покажаа дека испитаниците кои го консумирале изгубиле дури 80% повеќе масти во споредба со групата.
ФОТО | „Трпи за убавина“: Инженер (45) троши 2 милиони долари годишно за да има тело на 18-годишник