
ВИДЕО | Контроверзниот милијардер користи шок-терапија на пенисот: Сака да има ерекции како 18-годишно момче
Контроверзниот милијардер Брајан Џонсон, кој е опседнат со својот изглед во обид да изгледа младо, откри дека го променил стареењето на својот пенис за 15 години со користење на „болна“ шок-терапија на гениталиите, пишува „Њујоркпост“.
Препорачано
Џонсон, 46-годишен технолошки магнат, кој троши 2 милиони долари на различни третмани секоја година за да се избори со стареењето, вели дека исто така напорно работи и ја одржува својата машкост, за да работи со полн капацитет што е можно подолго.
Милијардерот во подкастот „Дневникот на извршниот директор“ вели дека ја спречува еректилната дисфункција преку „фокусирана терапија со ударни бранови“.
„Оваа технологија – користи стапче и седите на стол, а техничарот го користи стапчето и во основа го шокира вашиот пенис преку акустична технологија. Тоа е технологија која има широк опсег на примени, а се користи и за еректилна дисфункција“, објасни Џонсон.
Тој нагласи дека моментално не доживува никаква сексуална дисфункција.
„Ударите, кои не се електрични, делуваат слично како и тренинзите со тоа што создаваат „микроповреди“, кои мускулите потоа ги обновуваат, рече тој.
Додава дека е изненаден од резултатите по само два месеци користење на шок-терапијата. Додека е подложен на терапијата на неговите гениталии, тој го следи влијанието врз неговата ноќна ерекција.
„За да стигнам до ниво на 18-годишник, ми требаат три часа и 30 минути ноќна ерекција. Така што тоа е целта што се обидуваме да ја постигнеме“, рече Брајан.
Инаку, Брајан го привлече вниманието на јавноста откако започна со неговите екстремни методи за враќање на возраста, кои вклучуваат неверојатно строга диета и режим на вежбање.
Тој зема 111 суплементи дневно, со надеж дека на крајот ќе направи сите негови главни органи – вклучувајќи ги мозокот, црниот дроб, бубрезите, забите, кожата, косата, пенисот и ректумот – да функционираат како во доцните тинејџерски години.