Фото: Принтскрин/Јутјуб

ВИДЕО | „Колку е лицемерна!“: Џенифер Лопез критикувана за концертот во Дубаи, зела пет милиони долари за настап

Латино дивата Џенифер Лопез го „запали“ Дубаи со својот настап на отворањето на хотелот „One&Only One Za’abeel“, а иако за него заработи дури пет милиони долари, настанот не помина без контроверзии.

Имено, Џенифер за настапот избрала неколку различни стајлинци, а заедно со комбинацијата ролка со светки и бели панталони, најмногу внимание привлекле двата тесни комбинезона со светки.

Таа ги извела песни „Dinero“, „Jenny From The Block“, „Ain’t It Funny“, „I Will Survive“, „Let’s Get Loud“, а воодушевување предизвикала песната „Louboutins“, која вообичаено не ја изведува на концерти.

 


Снимките од нејзиниот жесток настап се рашири низ социјалните мрежи, но целиот настап не помина без контроверзии.

Според британскиот весник „Сан“, Џенифер Лопез добила дури 5 милиони долари за да биде почесен гостин на отворањето на хотелот со пет ѕвезди откога претходно тврдела дека нема да настапи.

Проблем со нејзиниот настап на овој настан имала ЛГТБИК+ заедницата во САД, која ја сметаше Џенифер за геј-икона, а ја критикуваа поради законот во Обединетите Арапски Емирати, кои ги забрануваат истополовите врски.

 


Следувале доста остри реакции, па Џеј Ло ја нарекле лицемерна затоа што одлучила да настапи во таква земја.

На гламурозната вечер присуствуваа и актерите Ванеса Хаџенс и Идрис Елба.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот