
ВИДЕО | Кога го нема Меси, тука е Суарез: Интер Мајами обезбеди полуфинале
Интер Мајами обезбеди место во полуфиналето од Лига Купот откако славеше над мексиканскиот Тигрес со 2-1, во натпревар во кој блесна Луис Суарез со два гола и двата од белата точка. Лео Меси и натаму е надвор од терените поради повреда.
Препорачано
Американскиот тим до водство стигна по 20 минути игра, кога судијата досуди пенал поради игра со рака на противнички фудбалер. Суарез беше прецизен за 1-0. Тигрес успеа да се врати во натпреварот во вториот дел со голот во 67. минута Кореа искористи грешка на одбраната на Интер Мајами и го израмни резултатот на 1-1.
Клучниот момент се случи во завршницата. Со помош на ВАР беше досуден нов пенал, повторно поради игра со рака на еден од играчите на Тигрес. Суарез и вторпат беше сигурен реализатор со што обезбеди победа за својот тим.
Беше блиску Тигрес да дојде до продолженија, но во големата прилика која ја имаа во завршницата беше погодена стативата.
Во полуфиналето Интер Мајами ќе се сретне со Орландо сити, кој во другиот четвртфинален дуел го елиминираше Толука со минимални 1-0.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
53мин
-
1час
-
2час
-
3час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5