ВИДЕО | Кобијаши на скокалницата во Висла до прва победа сезонава

Фото: EPA-EFE/Grzegorz Momot

Риоју Кобајаши продолжува со добрите настапи во Новата година во Светскио куп на скијачки скокови.

Јапонецот денеска стигна до првата сезона победа на индивидуално натпреварување во Висла, Полска. Кобијаши кој триумфираше на новогодинешната турнеја „Четири скокалници“ победи со 269.4 поени и скокови од 131 и 139.5 метри.

Зад него на подиумот се најде Штефан Крафт од Австрија и за него тоа беше 108 подиум вои кариерата. На третото место заврши Германецот Андреас Велингер.

Во генералниот пласман и понатаму лидер е Крафт со 989 бодови, Велингер има 757, додека Кобајаши е на третата позиција со 691 поен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот