ВИДЕО | Ќе ве расплаче: Трогателна приказна во божиќната реклама за еден ирски паб

Фото: Инстаграм/„Чарлис бар“

Пред нас се божиќните празници, па речиси секој бренд се обидува да направи совршена реклама со која ќе го привлече вниманието на потенцијалните купувачи за време на празничната сезона.

Но, една божиќна реклама, снимена во паб во Северна Ирска, успеа да ги расплаче луѓето ширум светот со својата емотивна приказна. Кога сопственичката на пабот „Чарлис бар“, Уна Барнс, го објавила видеото на социјалните медиуми, таа не ни можела да претпостави дека рекламата ќе стане вирална на интернет просторот.

Едноставната, но многу трогателна реклама на пабот покажува старец кој шета сам низ градот со тажен израз на лицето. Кога влегува во пабот, на старецот му се придружува двојка и нивното преслатко куче.


Посочувајќи ја осаменоста на многумина за време на божиќните празници, рекламата ги воодушеви корисниците на социјалните медиуми, а некои гледачи дури ја споредија со ремек-делата што ланецот на продавници „Џон Луис“ ги создаде низ годините.

„Ние сме само мал, локален паб и сакавме да снимиме едноставна божиќна реклама која ќе одекне кај луѓето. Божиќ може да биде навистина тежок период за некои луѓе. Не ја очекувавме оваа реакција, прекрасно е да се читаат коментарите на луѓето“, изјави сопственичката за новинската агенција „Пи-Еј“.

Шведски град сака да ја реши епидемијата на осаменост: Жителите ќе мора да направат една работа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот