фото: EPA-EFE/DOMENICO CIPPITELLI

ВИДЕО | Кенијката Чебет испишува нови страници во историјата на атлетиката

Кениската атлетичарка Беатрис Чебет го собори светскиот рекорд на 5.000 метри на митингот од Дијамантската лига во американскиот град Јуџин со време од 13 минути, 58 секунди и шест стотинки.

Чебет (25) стана и првата атлетичарка во историјата што истрчала пет километри за помалку од 14 минути.

Кенијката го урна претходниот светски рекорд што го држеше Гудаф Цегај. Етиопјанката го постави претходниот светски рекорд, кој беше 14:00:21, токму на митингот од Дијамантската лига во Јуџин во 2023 година.

Нов светски рекорд и за Кипјегон

Кениската атлетичарка Фејт Кипјегон постави нов светски рекорд на 1.500 метри на митингот од Дијамантската лига во Јуџин.

Кипјегон ја заврши трката за три минути, 48 секунди и 68 стотинки. Кениската атлетичарка го подобри сопствениот светски рекорд (3:49,04), кој го постави во јули минатата година на митингот од Дијамантската лига во Париз.

Второто место во Јуџин го освои Етиопјанката Дирибе Велтеги (3:51,44), додека третопласирана беше Австралијанката Џесика Хол (3:52,67).

Кипјегон е трикратна олимписка шампионка на 1.500 метри.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот