
ВИДЕО | Кејт Мидлтон ја пречека Брижит Макрон: Принцезата воодушеви со смел избор на облека и накит од колекцијата на Дијана и кралицата Елизабета
Францускиот претседател Емануел Макрон пристигнаа во Велика Британија на покана на кралот Чарлс трети. Претседателот и неговата сопруга, Брижит Макрон, по слетувањето беа пречекани на црвениот тепих од принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт Мидлтон.
Препорачано
Принцезата која и овој пат изгледаше совршено, носеше фустан од француската дизајнерска куќа Кристијан Диор и сако „30 Montaigne Rose Des Vents Bar Jacket“ од колекцијата 2024, дизајнирана од Марија Грација Кјури, инспирирана од оригиналот создаден од Кристијан Диор во 1947 година.
Својот беспрекорен стил го комплетираше со шапка од „Jess Collette“ во истата нијанса, обетки што ѝ припаѓаа на принцезата Дијана и бисерна огрлица од колекцијата на кралицата Елизабета. Така, Кејт Мидлтон го исполни овој историски момент – нејзиното прво појавување во креација на Диор во комбинација со смела и суптилна доза на историја проткаена со кралското наследство.
Ниту Брижит ниту Камила не изгледаа помалку елегантно. Брижит Макрон не се откажа од познатиот париски шик и внимателно ја избра својата комбинација. Долгиот бел фустан-мантил со ракави од три четвртини и ремен околу половината беше совршен избор.
Камила исто така блескаше, претставувајќи им опасна конкуренција од страна. Сопругата на кралот Чарлс го пречека францускиот претседателски пар во елегантен зелен фустан од брендот „Ана Валентајн“.
Во придружба на престолонаследникот Вилијам и неговата сопруга принцезата Кејт, кралот и кралицата Камила, Макрон и сопругата Брижит, се качија на неколку кочии влечени од коњи за поворката во Виндзор што заврши во дворот на средновековниот замок, западно од Лондон.
Денот ќе заврши со државна вечера во замокот Виндзор, на која британскиот крал, а потоа и францускиот претседател, ќе се обратат пред приближно 150-те гости.