
ВИДЕО | Во светот на Хари Потер: Кејт Мидлтон и принцот Вилијам им приредија на своите деца незаборавен викенд
Кејт Мидлтон и принцот Вилијам им приредија на своите деца незаборавно искуство, носејќи ги на снимањето на новата телевизиска серија Хари Потер, каде што малите принцови и принцези уживаа во средбата со младите актери и магијата на Хогвортс Експрес.
Кејт Мидлтон и принцот Вилијам им приредија на своите деца навистина волшебно искуство со посетата на снимањето на новата телевизиска серија Хари Потер. Нивните малечки, принцот Џорџ (12), принцезата Шарлот (10) и принцот Луис (7) имаа можност да влезат во светот на имагинацијата што воодушеви милиони следбеници и гледачи низ целиот свет, пишува „Дејли Мејл“.
Препорачано
Посебно искуство
Според извор кој бил присутен на снимањето, посетата била навистина посебна.
„Кејт и децата се сретнале со младите актери и режисерот. Со оглед на тоа што тоа била единствената ноќ на снимањето на локацијата, нивното пристигнување било навистина како волшебен билет“, открил изворот.
Децата се запознале со Доминик Меклафлин, кој го игра Хари Потер во серијата, Аластер Стаут, кој ја презеде улогата на Рон Визли, и Арабела Стентон, која ќе ја игра Хермиона Гренџер. Серијата е режирана од Марк Мајлод.
Најмладиот принц Луис особено бил среќен, бидејќи имал ретка можност да се вози со легендарниот воз Хогвортс Експрес.
„Беше воодушевен. За повеќето деца, сон е да стапнат на Хогвортс Експрес“, додаде изворот.
Кралското семејство долго време ја негува својата љубов кон волшебниот свет на Хари Потер. Уште во 2013 година, додека Кејт беше бремена со принцот Џорџ, таа и Вилијам ја посетија студиската турнеја на „Ворнер Брос“ во Лондон, каде што се обидоа да играат двобој со стапчиња и прошетаа по улицата Хогвортс со принцот Хари.
Книгите на Џ.К. Роулинг и филмовите базирани на нив, исто така, ги освоиле и постарите членови на семејството. Кралот Чарлс и кралицата Камила постојано нагласуваат колку уживаат во серијата. Камила признла дека ужива да им ги чита книгите за Хари Потер на децата на Кејт и Вилијам, истакнувајќи дека кралот Чарлс е најдобар во имитирањето на гласовите на ликовите.
Проектот беше најавен уште во април 2023 година, а секоја сезона е планирана да следи по една книга, почнувајќи со „Хари Потер и каменот на мудроста“ и завршувајќи со „Реликвиите на смртта“. Покрај младите актери во главните улоги, ќе се појават и голем број познати имиња: Џон Литгоу како Албус Дамблдор, Џенет Мектир како Минерва Мекгонагал, Папа Есиеду како Северус Снејп и Ник Фрост како Хагрид.
„Воодушевени сме што можеме да ѝ овозможиме на публиката да го доживее Хогвортс во сосема ново светло“, рече Кејси Блојс, претседател и извршен директор на „Ејџ-би-о“ и платформата Max. Според моменталните информации, премиерата на серијата се очекува на почетокот на 2027 година.