Кара Делевињ - Фото: EPA/MOHAMMED BADRA

ВИДЕО | Кара Делевињ ги изгуби нервите: Не ја препознале кога сакала да влезе на ревија, па морала да чека ред како сите „обични луѓе“

Британската манекенка Кара Делевињ доживеа прилично непријатна ситуација на Неделата на модата во Париз каде што не ја препознаа кога пристигна на модната ревија, па мораше да чека во ред, што предизвика да го изгуби трпението, пишува „Дејли мејл“.

Делевињ пристигна на модната ревија на Стела Мекартни, и по пристигнувањето, ја пречека ред за да влезе. Додека редарите ги скенираа QR кодовите на присутните за да влезат на ревијата, Кара се обидуваше да се „пробие“ напред.

Се сврте кон жената задолжена за влегување и нетрпеливо рече: „Ќе влезам, ова станува лудо.“

Вработената на почетокот не ја препознала, па Кара морала да застане со другите и да ѝ го покаже QR-кодот, што ја направило сè понервозна. На крајот, Кара ги крена очилата за сонце па конечно жената ја препозна и ѝ дозволи да влезе на настанот.

Снимката од моментот стана вирална на социјалните мрежи, а само една од снимките на Твитер привлече милион прегледи.

Претходно, Делевињ беше една од ѕвездите на модната ревија на Лореал на Неделата на модата во Париз, облечена во црн проѕирен чипкан фустан.

Таа неодамна привлече внимание со своето појавување на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал, кога значително го промени својот имиџ и ја замени русата коса со црна коса со кратки шишки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот