
ФОТО+ВИДЕО | Камерата ги „улови“ Меси и Антонела на концертот на „Колдплеј“: Сите очекуваа едно, но видоа нешто сосема друго
Според многумина, најдобриот фудбалер на сите времиња, Лионел Меси, имал уште неколку слободни денови поради суспензијата што му ја изрече МЛС лигата, па затоа решил да помине време со семејството на концертот на бендот „Колдплеј“.
Препорачано
Со него била неговата сопруга Антонела Рокуцо, како и нивните синови Матео, Тијаго и Чиро.
View this post on Instagram
Во текот на концертот во Мајами, камерата ги покажала Меси и Антонела како уживаат во песните на познатата група.
Можеби некои очекуваа да се пошегуваат поради трендот што започна кога „камерата за бакнување“ (kiss camera) сними афера во која учествуваa извршниот директор на компанијата „Астрономер“, Енди Бајрон, со неговата колешка Кристин Кабот, која се криеше од камерата, но нивната афера ја виде целиот свет.
Сепак, овој пат не видовме ништо такво од Меси и неговата убава сопруга. Антонела и Лео се смееја, мавтајќи кон публиката со широки насмевки на лицата, а од толпата се слушаа извици „Меси, Меси“. Крис Мартин исто така ги поздрави, а тие му возвратија со мавтање.
Фронтменот на „Колдплеј“ потоа рече дека Меси е најдобриот спортист на сите времиња.
Погледнете и како изгледаше сцената кога Лионел Меси и Антонела Рокуцо беа снимени од „камерата за бакнување“ на концертот на „Колплеј“:
Messi and his wife were shown at the Coldplay concert in Miami 😆
(via mrbusinesstravels/Instagram) pic.twitter.com/W9GybgvVgs
— ESPN FC (@ESPNFC) July 28, 2025
Фатен на дело: Суспендиран директорот на „Астрономер“ по аферата на концертот на „Колдплеј“!