Фото: Screenshot

ВИДЕО | Како да играа без голмани: На ракометен натпревар во Македонија се постигнаа 92 гола

Ракометниот натпревар од Првата лига од Б групата (второ по ранг натпреварување) помеѓу Радовиш и Партизан Гевгелија го привлече вниманието на македонската ракометна јавност.R

Имено, овој натпревар ќе се памети по големиот број постигнати голови. Средбата заврши со резултат 56:36. Така во 60 минути двете екипи успеаа да постигнат дури 92 гола што е навистина многу.

Нема официјална информација, но ова многу веројатно може да е ракометниот натпревар со најмногу постигнати гола одигран во Македонија.

Зоран Стојановски и Иванче Ончев постигнаа по 10 за радовиш, додека Васил Зајков и Ѓорѓе Банцалиски со 14, односно 10 беа најефикасни во составот од Гевгелија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот