фото: EPA-EFE/ANGELO CARCONI

ВИДЕО: Јувентус го слави Влаховиќ, „Старата дама“ го освои 15 трофеј во Купот на Италија

Во финалето од Купот на Италија фудбалерите на Јувентус со конечен резултат 1:0 ја совладаа Аталанта.

Херој на клубот од Торино беше српскиот репрезентативец Душан Влаховиќ кој го постигна единствениот гол на мечот. Инаку ова е прв трофеј за Влаховиќ во дресот на „Старата дама“.

Во четвртата минута од натпреварот Камбијасо упати прецизна топка до Влаховиќ. Српскиот напаѓач цело време зад себе имаше противнички играч кој не можеше да го стигне, потоа упати силен и прецизен удар во мрежата на Аталанта.

Влаховиќ можеше и по втор пат да се запише во листата на стрелците, но во 73 минута неговиот гол беше поништен поради офсајд.

Ова е прв трофеј за Јувентус по три години пост кога исто така го освои Купот на Италија, додека Аталанта за нова титула во ова натпреварување сонува од 1963 година кога за прв пат го подигна пехарот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот