ВИДЕО | Јувентус го губи чекорот со Интер, Удинезе по девет години победи во Торино

Фото: EPA-EFE/MASSIMO RANA

Eкипата на Јувентус како полека да го губи чекорот со Интер за Скудетото во Серија. Вечерва Удинезе цели девет години успеа да ја победи „старата дама“ на гостински терен во Торино (0:1).

Очекуваа навивачите на Јувентус тимот да се врати на победите по ремито со Емполи и поразот од Интер, но на крајот на свој терен црно-белите останаа без бодови.

Одлучувачкиот момент се случи во 25-тата минута Аргентинецот Џанети најдобро се снајде во шеснаесетникот и успеа да постигне гол за водство. Се обидуваше Јувентус да дојде барем до бод, имаше неколку прилики, меѓутоа изостана реализацијата.

Треба да се напомене дека клубот од Торино во овој натпревар беше без српскиот напаѓач, Душан Влаховиќ. На табелата Јувентус во овој момент има седум бода помалку од лидерот Интер кој има и натпревар помалку.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот