Пауло Дибала играше само 21 минута на дуелот со Сампдорија/Торино, Италија/26 септември 2021/Фото: Turin, Italy, 26 September 2021. EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

ВИДЕО: Јуве „два од два“, се повреди Дибала, првенец за Локатели

Фудбалерите на Јувентус го совладаа тимот на Сампдорија на својот стадион со резултат 3:1 (2:1) во шестото коло од Серија А.

Мечот го обележа Пауло Дибала, иако на теренот мина само 21 минута. Аргентинецот искористи убава асистенција од Локателија во 10-та минута и од 18 метри стрелаше во аголот за 1:0.

Аргентинецот во 21 минута мораше да го напушти теренот поради повреда на мускулот, а во солзи и со аплауз од навивачите, го напушти теренот, а негова замена беше Кулушевски.

Јувентус го постигна вториот гол во 43 минута, Муру играше со рака во шеснаесетникот, а судијата покажа на белата точка. Леонардо Бонучи беше сигурен изведувач на најстрогата казна.

Сампдорија постигна гол само една минута подоцна. По акцијата од корнер, Кандрева центрираше, а Јошида со глава го совлада Перин за 2:1. Конечниот епилог го постави Локатели го постигна својот прв гол во торинскиот дрес.

Во финишот, гостите успеаја само да го ублажат својот трет пораз сезонава во Серија А преку Кандрева во 83 минута. „Старата дама“ после слабиот старт во шампионатот, ги враќа насмевките кај своите навивачи и сега има осум бода на деветтот место, додека Сампдорија е на 14 позиција со пет бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот