Српскиот кошаркар на Денвер нагетс, Никола Јокиќ/фото: EPA-EFE/ADAM DAVIS

ВИДЕО | Јокиќ со трипл-дабл во триумфот на Денвер против Сакраменто

Кошаркарите на Денвер ја прекинаа низата од четири порази во НБА лигата. Во борбата за плејоф, Нагетси ја совладаа екипата на Сакраменто на гости со 124:116.

Еден од најзаслужните за победата на Денвер беше српскиот репрезентативец Никола Јокиќ кој за 37:42 минути на паркетот имаше дабл-дабл учинок од 20 поени, 12 скокови и 11 асистенции.

Поефикасни од Јокиќ на овој меч беа Кристиан Браун со 25 поен, и Арон Гордон и Мајкл Портер Џуниор со по 21 поен.

Прв стрелец во редовите на Кингси беше Зек ЛеВин со 27 поени, следен од ДеМар ДеРозан со 22.

Денвер моментно е на четвртото место во Западната конференција (48-32), додека Сакраменто е на деветтата позиција (39-41).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот