Јелена Карлеуша - Фото: Принтскрин/ Инстаграм

ВИДЕО | Јелена Карлеуша пристигна на судењето со Цеца: Не ја симнa насмевката од лицето

Судењето помеѓу двете пејачки, Јелена Карлеуша и Светлана Цеца Ражнатовиќ, започна денес во Првиот основен суд во Белград.

Како што објави српски „Информер“, Цеца поднела приватна тужба против Карлеуша за наводна клевета. Засега, на рочиштето се појави само Карлеуша, која пред судот пристигна видливо расположена, облечена во цветен фустан, кремасти штикли и носејќи голема чанта, додека косата ѝ беше уредно залижана наназад.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Informer.rs (@informernovine)

Од друга страна, Цеца Ражнатовиќ не се појави до почетокот на судењето, а нејзиниот адвокат кратко изјави дека не е сигурен дали пејачката воопшто ќе присуствува на денешното рочиште.

Судењето меѓу двете музички ѕвезди предизвика голем јавен интерес, а во чија корист ќе биде пресудата, останува да се види.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Informer televizija (@informer_tv)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот