
ВИДЕО | Јелена Ѓоковиќ позираше пред медалот на Новак: Зад секој успешен маж стои жена
Јелена Ѓоковиќ на својот Инстаграм профил објави видео на кое гордо го покажува златниот медал што нејзиниот сопруг Новак Ѓоковиќ го освои на Олимписките игри во Париз.
Препорачано
За оваа прилика таа избра елегантен краток фустан и отворени потпетици. Изгледот го комплетираше со накит и се одлучи за едноставна шминка и коса.
„Златото на Ноле е и твое“, „Зад секој успешен маж стои жена“,
„Браво Јецо. Златото на Ноле е исто толку и твое“, „Не можеше да биде подобро! Преслатка си во својата среќа“, „Тој секогаш имал поддршка и ветер во грб“, се само неколку од коментарите кои нивните фанови ги напишаа под објавата.
Новак го освои првото олимписко злато во својата неверојатна кариера во спектакуларно финале против шпанскиот тенисер Карлос Алкараз, по помалку од три часа борба на Олимписките игри во Париз. Тоа е прв златен медал во кариерата на 37-годишниот српски тенисер, кој на тој начин го заокружи златниот слем во кариерата, односно ги освои сите четири Грен слем и олимпиското злато. Досега во историјата на тенисот успеале само Штефи Граф, Андре Агаси, Рафаел Надал и Серена Вилијамс.
По победата отиде на трибините да ги прегрне семејството, сопругата и двете деца.
„Веднаш отидов да ги гушнам сите, пресреќен сум што ѝ донесов злато на Србија, ова е можеби мојот најголем спортски успех во животот“, изјави тој.