Фото: Фото: EPA-EFE/ETTORE FERRARI / Јутјуб / Принтскрин

ВИДЕО | Излезе вториот еротски трејлер со Никол Кидман: „Преку глава ми е од оргазми“

На почетокот на октомври, „Студио А24“ го објави првиот трејлер за долгоочекуваниот еротски филм „Мала девојка“ (Babygirl) со Никол Кидман и Харис Дикинсон во главните улоги. Иако филмот пристигнува во кината на 25 декември, тој веќе предизвика многу полемики поради изјавата на актерката дека морале да прекинат со снимањето бидејќи ѝ е преку глава од оргазми.

Сега е објавен вториот официјален трејлер кој предизвика различни реакции кај љубителите на филмот. Додека многумина едвај чекаат да го видат, некои негодуваа поради фактот дека филмот ќе биде прикажан на Божиќ.

„Вистински божиќен филм за гледање со семејството … Воопшто нема да биде чудно“, „Веќе можам да видам дека ова ќе биде филм што традиционално го гледаме секоја година за време на празничната сезона“, „Овој Божиќ јас го добив она што го сакам – Харис Дикинсон во еротски филм“, се пошегуваа луѓето во коментарите на Јутјуб.

Многумина рекоа дека едвај чекаат да го видат филмот и дека вториот трејлер е подобар од првиот.

„Песната, монтажата, тензијата што се чувствува во трејлерот … Едвај чекам“, „Никол ќе биде одлична во оваа улога“, беа дел од коментарите.

Режисерката Халина Рејн инспирацијата  ја најде во филмот „Основен инстинкт“ и во приказната за жена која не доживеала сексуално задоволство во 25 години брак. Никол беше привлечена од улогата бидејќи претставуваше нов предизвик во нејзината кариера, рече таа.

Неодамна, во интервју за „Сан“, таа призна дека сцените со Харис Дикинсон и Антонио Бандерас, кој го игра нејзиниот сопруг, понекогаш биле премногу напорни. Рекла дека се чувствува фрустрирано и повремено мислела дека повеќе не сака да снима такви сцени. Таа го опиша чувството на исцрпеност што ги доживеала за време на снимањето.

„Имаше огромна количина на споделување и доверба, а потоа и фрустрација. Би рекла: „Не ме допирај“. Во некои моменти за време на снимањето помислив дека не сакам повеќе да доживувам оргазам „Не ми се приближувај. Мразам да го правам ова. Не знам дали сакам некој повторно да ме допре во мојот живот. Доста ми е.“, раскажа Кидман.

За нејзината изведба во овој филм, таа ја доби наградата за најдобра актерка на филмскиот фестивал во Венеција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот