pexels
Пожарникари/ Фото: МИА

ВИДЕО | Избегната трагедија во Дебар маало: Среде бел ден гореа контејнери

Денеска во скопско Дебар маало беше избегната трагедија каде по третпат беа запалени контејнери. Пожарот траел околу 15 минути, во близина на кружниот тек.

На местото на настанот прво пристигнала полицијата, а потоа и противпожарните возила.

Во близина на контејнерите имало возило кое било зафатено, но било спечено да се случи катастрофа и истото да експлодира. Исто така, во близина на пожарот има и неколку згради, како и детско игралиште.

Засега не е јасно како дошло до ваквата случка.

Во пожарот изгореле целосно четири контејнери, од кои едниот за рециклирање пластика.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот