ВИДЕО: Италијански поп отслужи миса во морето, душек за на плажа му беше олтар

Фото: принтскрин

Свештеникот Матија Бернаскони пред неколку дена служел богослужба пред група средношколци на југот на Италија, на несекојдневен начин.

Наместо во црква, зад олтар, свештеникот ја одржа мисата во морето, а како олтар искористи душек за на плажа.

Иако 36-годишниот свештеник од Милано подоцна се извини поради тоа, обвинителството отворило истрага за случајот поради евентуална навреда на верските чувства на граѓаните, пишува „Гардијан“.

Бернаскони рекол дека планирал да ја одржи неделната церемонија помеѓу дрвјата на плажа во Кротоне, но местото го зазела друга група. Бидејќи не успеал да најде друго место кое било под сенка, едно семејство во близина го понудило нивниот душек на надувување, кој тој го прифатил.

„Апсолутно немав намера да ја тривијализирам евхаристијата“, изјави свештеникот. „Но, симболите се силни, вистина е, и понекогаш зборуваат на начин поинаков од оној кој го сакаме. Беше наивно од моја страна да не им придадам важност“, заклучи тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот