ВИДЕО | „Искрено, фала му на Бога што немаме деца“: Сет Роген отворено за одлуката за потомство

Канадскиот актер, комичар и режисер Сет Роген во едно неодамнешно интервју зборуваше за одлуката дека тој и сопругата Лорен Милер не сакаат да имаат деца и ги објасни нивните причини.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Seth (@sethrogen)

Во подкастот „Дневникот на извршниот директор“, Роген нашироко зборуваше за неговата долга кариера и за тоа како станал еден од најомилените писатели на комедии во Холивуд, истакнувајќи дека немањето деца „дефинитивно одигра голема улога во неговиот успех“.

„Има една голема работа што не ја правам, а тоа е воспитувањето деца“, рече тој.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Seth (@sethrogen)

Водителот Стивен Бартлет го замоли Сет по неговата изјава да размисли за друга можност, дека да се биде родител може да го направи неговиот и животот на Лорен „посреќен“, што го натера Сет отворено да каже дека не се согласува.

„Мислам дека не“, одговори тој. „Очигледно сум бил околу многу деца, не ми е непознато тоа. Сите што ги познавам имаат деца. Јас имам 40 години. Некои од моите пријатели имаат деца со децении. Некои луѓе сакаат деца, некои луѓе не“.

Зборувајќи поексплицитно за неговото лично искуство, Сет појасни дека имањето деца е нешто што ниту тој ниту Лорен никогаш не го сакале, додавајќи дека станале посигурни во својата одлука како што старееле.

„Тоа беше нешто за што многу разговаравме и мислевме: „Дали го направивме вистинскиот избор? Дали сме сигурни? Сега, повеќе од сè сме сигурни, разговорот ни е во насока: „Искрено, фала му на Бога, што немаме деца. Можеме да правиме што сакаме“.

„Ние сме на врвот на животот. Попаметни сме отколку што некогаш сме биле. Се разбираме себеси повеќе од кога било. Имаме капацитет да постигнеме високо ниво на работа и ниво на комуникација и грижа еден за друг. И не, не мора да воспитуваме дете за да го постигнеме тоа“, заклучи Сет.

Сет Роген не планира повторно да соработува со Џејмс Франко: Дали славните актери ставија крај на долгогодишното пријателство?

НАШ ПРЕДЛОГ ЗА ФИЛМ: „Long shot“ е урнебесна комедија која морате да ја погледнете! (ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот