
ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Проф. Поповски: Македонија е земја со најголем број на редовни професори во светот, сегде се отворија дисперзирани студии, нема квалитет
Македонија е земја со најголем број на редовни професори во светот, вели Зоран Поповски, професор на Факултетот за земјоделство и храна во интервју во емисијата „Утрински печат“ на Слободна ТВ.
Препорачано
-Македонија по број на редовни професори доминира во светот. На ниту еден престижен факултет во светот нема толкав број на редовни професори. Само 5 до 10 отсто од сите универзитетски професори се редовни. Кај нас нема конкурентност- вели Поповски.
Според него во годините кои изминаа се направил обид да се воведат одредени критериуми и инпакт фактори.
-Но ние сме махери тоа да го заобиколиме. Така кај нас имате списание од Лесковац со меѓународен уредувачки импакт фактор, од Софија, од Чачак и Пловдив и тоа се е со меѓународен импакт фактор. Јас мислам дека тоа е евидентна болка која треба да ја решиме. Имаме 30 универзитети во Македонија, имаме 20 факултети кои издаваат дипломи за правни и информатички науки, имаме реклами од типот најдобар „уан мен“ универзитет. Имаме пет универзитети во Македонија, пет земјоделски факултети- вели Поповски. Според него една Холандија која ја храни пола Европа има еден Земјоделски факултет.
Тргнете од една тривијална точка во нашето образование. Во основно и средно сите предавачи се професори. По номенклатурата професори се од основно, средно и за факултет. Се знаеше порано, учител е во одделенска настава, потоа во средно е наставник, а на универзитет е професор- вели Поповски. Тој вели дека се занимава со општестевена дејност и она што го работи е да се помогне со она што го знае во општеството.
-Политиката е сестрана дејност и еден политичар треба да биде реализиран човек кој има траги позади себе, има искуство кое треба да се примени. Сега за жал не е таква ситуацијата доаѓаат луѓе во ресори кои не им прилегаат, не се за местата за кои се поставени. Политиката кај нас значи дека мора да си премолчувате, да заобиколувате одредени работи- вели Поповски.
Професорот Поповски се осврна и на својот поранешен политички ангажман. Во периодот 2002 – 2006 беше државен секретар во МОН. Вели во политика влегол сосем случајно, како симпатизер на Либерална партија.
– Во 2002 година добив понуда да работам во Министерството за образование и наука. Кај нас има два милиони жители и 2 милиони министри за образование. Сите се разбираат од образование, од родител, наставник, дедо и навистина е тешко да се менаџира со тоа. Како поминува времето проблемите не да не се решаваат туку стануваат поголеми. Ние отворивме дисперзирани студии по секое село во пижами и папучи се доаѓа на предавања. Нема квалитет. Купивме опрема за 60 милиони без при тоа да се размислува дека за таа опрема треба репроматеријали и луѓе ќе работат. Нема обука на луѓе – вели Поповски
Целиот разговор со проф. д-р Зоран Поповски, погледнете го во видеото: