Проф. Мартин Гроцки, поранешен новинар, Варшава Полска / Слободен печат

ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Проф. Мартин Гроцки од Варшaва: Со Русите никогаш не се знае, Полска засега нема да го активира членот 4 од НАТО

Во краток видео разговор за „Слободен печат“, професорот Мартин Гроцки од Варшава кој е и поранешен новинар, одговараше на прашања поврзани со настанот во близина на украинската граница кога врз полското село Пжеводов вчерва паднаа две ракети и усмртија две лица. Познавачот на меѓународните состојби во ексклузивно интервју зборуваше за тоа каква е моменталната состојба во Полска, дали се чуствува страв меѓу граѓаните во градовите но и во пограничните места, какво е нивото на борбената подготвеност на армијата по инцидентот, но и тоа дали Варшава размислува да го активира членот 4 од договорот за НАТО.

СП: Полските власти потврдија дека двајца државјани на земјата загинале во експлозијата во погон за сушење жито во селото Пжеводов, на пет километри од границата со Украина. Можете ли накратко да ни кажете што се случи и што се случува по експлозиите во земјата, како реагирааат граѓаните, медиумите?

– Најпрво, синоќа сите бевме шокирани како граѓани на Полска откако ја слушнавме веста дека нешто како ракета или проектил од веројатно руско производство падна на наша територија, во близина на границата со Украина. Ова е многу сериозна ситуација која нè потсети на првиот ден од војната во Украина, кога ние во Варшава цела недела бевме шокирани дека нешто вакво нешто може да се случи, дека може да има војна во Европа. Многу луѓе низ улиците, вклучително и мои пријатели велеа дека ги отвораат прозорците за да видат дали руски тенкови веќе пристигнале. Утрово уште немаме официјални податоци. Денеска се свика Советот за безбедност во претседателската палата, но ситуацијата денес не изгледа толку сериозна како вчера. Секако, како и секогаш, обичните луѓе оние кои страдаат, така што веројатно ќе се знае набргу, но постојат многу теории, бидејќи вчера Русија испрати неколку воздушни напади врз западна Украина, така што можеби некои од тие проектили случајно завршиле во Полска или пак одбранбените воздушни проектили на Украина завршиле во Полскa – вели професорот Гроцки.

СП: Доколку истрагата воспостави дека станува збор за руски проектил истрелан од руските сили, дали Полска ќе го активира членот 4 од НАТО алијансата за колективна одбрана, што тоа би значело за општо за воениот сојуз но и за Полска?

– Мислам дека ова може да биде многу сериозна ситуација. Ние уште чекаме, Полска се уште чека за официјални податоци кои би можеле да ги добиеме веќе попладнево за ситуацијава. Но, на различни места во Полска е зголемена безбедноста, дури и сопругата пред малку ми кажа дека додека ги носела децата на училиште забележала дека има полиција на улиците низ Варшава која ги сопирала возачите и проверувала, иако не знам зошто точно, но оваа ситуација сите ја сфаќаат сериозно, во главно бидејќи со Русите никогаш не се знае, како што знаете и вие во Македонија, и ние имаме лошо искуство со нив. Ми се чини дека, ова е сепак теорија, се случил уште еден безбедносен инцидент на границата кој веројатно не бил планиран, така што сметам дека НАТО нема да активира членот 4 во Полска посочува нашиот соговорник.

СП: Има ли загриженост меѓу обичното население и како ја коментирате одлуката по експлозијата во полското село Пжеводов и подоцна подигнувањето на борбена готовност на полските вооружени сили?

– Ова е реалниот проблем кој го имаме, стравувам дека Полска може да загуби на меѓународниот пазар, односно на економската и безбедносната ситуација, бидејќи иако беше помал инцидент, локалното население на таа граница се чувствуваше безбедно, и сега од никаде луѓе умреа, тие веќе не сакаат да живеат таму, не сакаат да ги испратат децата на училиште. Пред малку на полската телевизија имаше интервју со маршалот на јужната провинција кој се обиде да ја смири ситуацијата, бидејќи кој би сакал да оди таму и да истражува за настаните на украинската граница, доколку не може да ја гарантира ни безбедноста за своите граѓани. Ова е голем предизвик, ние во Полска веќе не се надеваме дека војната ќе заврши за брзо. Знаеме дека САД се обидува да ја деескалира ситуацијата, веруваме дека има постојат некакви преговори со Русија, откако тие се повлекоа од Херсон пред неколку дена – посочува експерото по меѓународна политика.

СП: Што очекувате да се случи во периодот што следи, какви мерки мислите ќе превземат полските власти вклучително и претседателот Анджеј Дуда?

– Генерално, мислам дека ова не е ни прв ни последен ваков инцидент. Се сеќавам на оној во Загреб пред неколку месеци, како и на некои проектили кои паднаа во Молдавија, така што ова е војна која ја имате во својот двор. Мислам дека ќе има повеќе безбедност во јавниот простор, повеќе безбедност во сајбер-просторот и како што реков мора да сме подготвени за ситуацијата со војната за која веруваме дека ќе трае долго. Економската состојба станува полоша, не само тука, туку и низ цела Европа и САД. Така што се надеваме дека ова ќе принуди некои од владите дополнително да не го ескалираат конфликтот и се надеваме дека набргу ќе заврши – истакнува професорот Гроцки.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ЦЕЛИОТ ВИДЕО РАЗГОВОР ВО ПРОДОЛЖЕНИЕ..

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот