ВИДЕО ИНТЕРВЈУ: „Креативниот демон на глупоста“ – нова збирка на колумни на проф. Мирослав Грчев

Мирослав Грчев - архитект / Фото: Слободен печат/Методи Здравев

Од печат излезе новата, четврта книга на редовниот колумнист на „Слободен печат“ проф. д-р Мирослав Грчев под наслов „Креативниот демон на глупоста“. Станува збор за колумни кои Грчев ги објави на страниците на „Слободен печат“ во периодот 2019-2020 година.

-Во поднасловот на книгата стои „текстови за удолниот релјеф на времето од 2019 – 2021“ и тоа се мали есеи, колумни кои ги пишувам еднаш неделно и ова е десетта година во континуитет од првиот број на „Слободен печат“. Досега излегоа 3 книги со овие колумни и тоа се избори практично и ги опфаќаат „Името на злото“ (2014), „Фашизам во куси панталони“ (2017),„Пирови победи на патот за Европа“ излезе во  2020. Факт е дека и самите наслови коишпто се извлечени од тие агрегации на мои реакции, ламенти или врескања на одредени настани не се одраз на некој голем оптимизам и воодушевување од времето во кое живееме, повеќе се критички, вели проф. Грчев.

-И во насловите на колумните има извесна критичност и горчина, дали поради тоа што ова време се погоди така или затоа што моето лично доживување на времето и настаните коишто се случуваат се тркалаат и по оваа наша балканска релјефна збрчканост но гледам и по европската и пошироката, глобална плоча, интерконтинентална, нагласува колумнистот.

Грчев во интервјуто за емисијата „Слободен печат“ се осврна на значењето на книгата и на печатените медиуми кои полека згаснуваат на сметка на технолошкиот напредок на електронските уреди.

-Цивилизацискиот отклон од книгата и исто како и од печатените медиуми го сметам за општочовечко проклетство, грешка којашто скапо се плаќа веќе во моментот. Длабочината којашто ја обезбедува медиумот на книгата, ја мислам дека е невозможно да се надомести со ништо друго, нагласува Грчев.

Книгата утре ќе биде промовирана од страна на издавачот Темплум по што ќе се најде во продажба во нивните книжарници и кај нивните партнери.

Целото интервју со проф. д-р Мирослав Грчев погледнете го продолжение:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот