ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Горан Герасимовски: Просторот кај Треска мора да се урбанизира плански, не смее една метропола да престане да се гради

Горан Герасимовски - Градоначалник на Центар / Фото: ''Слободен печат'' - Драган Митрески

Неизбежно е да се гради. Секој град мора да се модернизира и проширува. Мал е бројот на здруженија кои што бараат целосно да се сопре градаба, што во исто време преставува невозможен процес да се стопира во една метропола како Скопје. Ова меѓудругото го изјави градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски при гостувањето во утринската емисија „Утрински Печат“.

Во разговорот во студиото градоначалникот Герасимовски истакна дека општината во пределот на падините на Водно изминатиот период успеала да стопира вкупно 8 парцели за градење кои беа многу говорени во јавноста од страна на граѓаните како спорни. Сепак, според него по пожарот во фабриката Треска и самиот процес на стопирање на процедурите да се превзема било што во делот на издавање на дозволи за расчистување на оние опожарени објекти, просторот ќе мора да се урбанизира плански што е во интерес на граѓаните на главниот град.

– Просторот кај Треска мора да се урбанизира и модернизира. Во моментов пробувавме со регулација да го одвоиме просторот од зацртаниот ДУП за поитно негово средување, но сигналите кои ги добиваме од советот на Град Скопје говори дека многу тешко ќе успееме во таа намера. Тоа практично значи дека нема да можеме да го одвиме тој ДУП кај Треска со цел побрзо да ја реализираме оваа наша заложба за негова планска урбанизација без согласноста на градските власти. Со ова морам да констатирам дека неизбежно е дека ќе се гради во тој дел од општината, но прашање на време е кога ќе започне уредување на тој дел од градот – посочи градоначалникот Герасимовски.

Градоначалникот истакна дека во моментов општинскиот совет ги разгледуваа и ДУП-овите за Кличничкиот центар, Маџир маало, Крњево, Буњаковец 1 и 2 и други населби. Според Герасимовски хигиената во општината не е на задоволително ниво иако Јавното претпријатие кое е задолжено за оваа работа добро ја обавува својата должност.

Герасимовски исто така информираше дека во тек е исплата на еднократната парична помош за пензионерите, кои се пријавиле на јавниот повик од 3.300.000 денари, информираат од Општина Центар.

– Во услови на економска криза, зголемени сметки за струја и зголемени трошоци за пазарење во пресрет на новата година обезбедивме еднократна парична помош за пензионерите со пензии до 17.518 денари. На повикот се пријавија околу 1500 пензионери и за нив исплата во моментов е во тек. Сигурен сум дека средствата ќе им бидат од помош за поспокојно да ги поминат новогодишните празници, изјави Герасимовски.

Тој говореше и за другите социјални проекти во Општината, а во соработка со општествено одговорните компании најави и доделување на околу 3000 пакетчиња за децата во болниците, во здружението за даунов синдром и во малите групни домови. Герасимовски ги спомена и капиталните проекти за следната година кои се однесуваат на најголемиот проблем во Центар – паркирањето.

– За следната година, градоначалникот ја најави изградбата на катната гаража на „Народен Фронт” во Капиштец за 260 возила и новата општинска зграда на чија парцела на две нивоа треба да ослободи околу 300 паркинг места, известуваат од општина Центар.

Исто така, тој говореше и за основањето на претпријатието за производство и продажба на струја за кое се спроведува проценка колку би чинело оформувањето и бенефитот.

– Проектот предвидува поставување на фотоволтаици во јавните објекти на училиштата и градинките и јавните претпријатија како ПОЦ, соопштуваат од Општината.

Повеќе од разговорот со градоначалникот Герасимовски погледнете го во видеото во продолжение..

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот