ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Долстра: Граѓаните се најголеми загадувачи на воздухот во Скопје

Ива и Александер Долстра/Фото Слободен печат

Луѓето се најголеми загадувачи на воздухот во Скопје, вели брачниот пар Алекс и Ива Долстра, основачи на здружението „Заедно за промена“ во утринската програма „Слободен печат“ на Слободна ТВ.

– Ние граѓаните, сите што живееме во градот, на сите кои им пречи загадениот воздух сме најголемите загадувачи на Скопје- вели Долстра.

Таа објаснува дека секоја втора или трета куќа се грее во текот на зимата со дрва.

– Знаеме дрвото колку загадува, а да не заборавиме колку загадува недоволно исушено дрво кога се гори- вели Ива Долстра.

Александер објаснува дека најголем дел од дрвата кои се горат кај нас се мокри и тие прават најголемо загадување.

– Се купуваат дрва во април и мислат сека во ноември се доволно суви. Но не е така. На даб за да се користи за горење потребни му се три години сушење, а на бука една до две- вели Александер.

Ива вели дека кога се зборува за загадување сите сме насочени кон големи објекти и бараме големи загадувачи, но излегува дека граѓаните најмногу загадуваат.

-Поставуваме читачи на воздух, мерни станици низ Скопје, по приватни објекти, училишта. До крај на следна година треба над 200 да се постават само во Скопје за да можат да видат граѓаните од каде доаѓа загадувањето, и истото да можат да го пријават на мобилната апликација која ја подготвуваме. Целта е да видат од каде доаѓа загадувањето и да се санкционираат загадувачите- вели Долстра.

Целото интервју на брачниот пар Ива и Александер Долстра погледнете го во продолжение:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот