ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Андреја Поповиќ: Вештините од развојот на игри се корисни и надвор од гејминг индустријата

Андреја Поповиќ - шупи гејмс / Фото: „Слободен печат“

Вештините со кои можат да се стекнат младите преку видео игрите се корисни и надвој од гејминг индустријата и можат да им помогнат во секое поле, вели креативниот директор на „Шупи Гејмс“, Андреја Поповиќ, во разговор за „Утрински печат“.

Уште од најмлади години Поповиќ се заљубил во видео игрите, а од негови 12 години започнал со изработка на друштвени игри во стилот на „Не лути се човече“. Тој заедно со негов пријател уште во средно училиште продолжиле со изработка на варијации на D20 системот и да прават нивни игри со карти.

Здобивајќи се со големо знаење во светот на креирање видео игри, тој вели дека искуството од правење игри може да се примени во сите различни индустрии, дури и во оние кои се комлетно неповрзани со производство на вакви содржини.

Од почетоците на „Шупи Гејмс“ како тим од тројца пријатели, тие се пријавиле на „Гејм џем“ настанот организиран од Македонска асоцијација за развивање игри (МАГДА), каде запознале многу луѓе со слични амбиции. Оттогаш „Шупи-Гејмс“ се разви во тим кој произведува голем број на игри.

Креирањето на видео игрите е доста интересен процес, а сето тоа започнува со гејм дизајнот.

„Гејм дизајн е вештина која овозможува документирано создавање комплетни игри од почеток до крај, вклучувајќи ги сите јадрени и поддржувачки механики како и условите за победа и пораз. Гејм дизајнот е широко поле кое опфаќа многу сфери од уметност, музика, дизајн на нивоа и непријатели, дизајн на системи за борба, виртуелна економија и слично. Гејм дизајнерите го создаваат овој документ кој ја опишува играта детално и служи како сценарио во филмската индустрија која вработените го следат“ објаснува Поповиќ.

Клулна алатка за креирањето на видео игрите во овие модерни времиња е апликацијата „Дискорд“. Покрај „Јутуб“ каде креаторите на игрите можат да најдат различни туторијали за тоа како се одвива процесот на креирање игри, „Дискорд“ се појави како апликација која им овозможува на креаторите директно да се поврзат со развојниот тим позади било која игра, што отвара шанса секој играч да има активна улога во процесот на развивање на светските наслови во гејминг индустријата.

„Мој совет за сите млади, но и искусни играчи, програмери, дизајнери е да се вклучат во Дискорд серверите на сите нивни омилени игри кои се веќе излезени или допрва ќе излезат, за директно да комуницираат со развојните тимови. Ова дава одлични шанси, а претставува и одличен начин за збогатување на вашето CV“ вели Поповиќ.

Целиот разговор со Андреја Поповиќ може да го погледнете на видеото во продолжение:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот