Работници освежуваат улични кучиња со шмрк од камион / Фото: социјални мрежи

ВИДЕО | Инспиративно улично другарство – кучиња со восхит го чекаат шмркот на комуналците

„Колку малку треба за среќа“, коментираат луѓе на снимката

Снимка која се појави на социјалните мрежи, а според информациите доаѓа од Обединетите Арапски Емирати, покажува дека кучињата без сопственик, кои живеат на улиците, и комуналните работници задолжени да ги одржуваат тие улици, не мора да бидат во лоши односи.

Во жешките денови на раното лето, кучињата во градот на снимката имаат среќа што тука се нивните пријатели со камионот за миење на улиците, за кои знаат дека ќе ги „почестат“ со силниот и освежувачки млаз од нивниот шмрк.

Атмосферата кога поминува камионот и реакцијата на кучињата најдобро ја покажува самото видео:

„Колку малку треба за среќа“, коментираат многу луѓе на снимката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот