Илон Маск - Фото: Принтскрин/ Икс

ВИДЕО | Илон Маск си играл со вилушки и лажици на вечера кај Трамп во Белата куќа

Како што сопственикот на Икс, Илон Маск станува поблизок со американскиот претседател Доналд Трамп и неговата втора администрација, серија од неговите видеа станаа вирални на социјалните мрежи. Последната го прикажува Маск како си игра со вилушка и две лажици.

Маск беше снимен како балансира конструкција составена од вилушка и две лажици на прстот за време на вечерата во Белата куќа. На видеото се гледа и Трамп, кој во тој момент разговара со друг гостин. Во друго видео, портпаролката на Белата куќа, Каролина Левит се чини дека е прилично восхитена од неговата вештина.

Сепак, многу корисници на социјалните мрежи не беа воодушевени од ова однесување на Маск. Еден го нарече „циркус“. Други го опишаа како „неверојатно срамно“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот