фото: РФМ

ВИДЕО | ИХФ за Кузмановски го одбра цепелинот против Франција

На неодамнешното Светско ракометно првенство најдобрата македонска репрезентација го освои 15 место.

Нашиот најефикасен играч беше Филип Кузмановски кој успеа да реализира вкупно 49 голови на Мундијалот.

Кузмановски на крајот се најде во Топ 5 најдобри стрелци на СП, освојувајќи го петтото место.

На првата позиција се најде Матијас Гидсел од Данска (74 голови), пред Франциско Кошта од Португалија (54), Французинот Дика Мем (54) и Данецот Симон Питлик (50).

Светската ракометна федерација потсети на најдобрите пет стрелци на Светското првенство, почнувајќи со Кузмановски и прекрасниот цепелин на натпреварот против Франција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот