фото: принтскрин/twitter.com/trunksRM

ВИДЕО | Играчите на Ваљадолид во неверување: Ескудеро постигна гол, но судијата означи крај!

Лавина реакции имаше во шпанската фудбалска јавност одлуката на главниот судија Ортиз Аријас на натпреварот од „Ла Лига“ помеѓу Ваљадолид и Севиља.

Шпанскиот судија го продолжи првото полувреме за четири минути. Во моментите кога истекуваа продолженијата, Ваљадолид доби корнер, а Аријаз дозволи да се игра. По еден корнер, фудбалерот на Ваљадолид упати удар кон голот на Севиља, беше изблокиран, топката се одби до Ескудеро, кој веднаш упати нов удар од далечина.

Во истиот момент кога играчот на Ваљадолид шутираше кон голот, судијата ја крена раката и ја досуди крај на првото полувреме. Топката заврши во мрежата, но голот за предност на Ваљадолид беше поништен.

Фудбалерите на домаќините беа бесни на неговата одлука, но немаше промена на одлуката. Резултатот од конфликтот беше црвен картон кој го заработи член на стручниот штаб на домашната екипа.

Ваљадолид доживеа убедлив пораз од 0:3, Севиља ги постигна сите голови во второто полувреме.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот