Илистрација/Фото: Freepik

ВИДЕО | Идеи за креативци: Фарбањето на јајца со фолија е едноставна техника, а ефектот е неверојатен

Ако ви е потребен едноставен но ефикасен начин за бојадисување јајца овој Велигден, имаме вистински хит за вас! Оваа година, боењето јајца со фолија ги изненади сите на социјалните мрежи и тоа со добра причина.

Не само што техниката е едноставна, туку јајцата изгледаат како да се „излезени“ директно од креативна работилница.

Заборавете на часовите поминати во боење на јајцата, со малку фолија, ракавици и боја за јајца по желба, вашите велигденски јајца ќе блеснат како вистинско уметничко дело.

Еве како да го направите Велигден уште подобар, а сигурни сме дека ова е техниката која ќе ја користите и следната година.

Потребни ви се:

  • Варени јајца (по можност бели, поради посилниот ефект на бојата)
  • Алуминиумска фолија
  • Бои за јајца во прав или гел (во светли нијанси, комбинирајте по желба)
  • Ракавици
  • Малку масло (по избор, за дополнителен сјај)

Постапка:

Исечете ја фолијата на квадрати доволно големи за целосно да се затвори едно јајце. Капнете неколку бои во средината на фолијата – можете да комбинирате 2-3 нијанси за пошарен ефект.

Ставете го јајцето на бојадисаната површина, а потоа внимателно завиткајте ја фолијата околу него. Лесно притиснете и превртете го јајцето меѓу дланките за да ги впие боите. Оставете го да отстои неколку минути, а потоа внимателно одвиткајте го.

По желба, премачкајте го јајцето со хартија натопена со масло за дополнителен сјај.

@recepti_uradi_sama Ideja za farbanje jaja uz pomoć aluminijumski folije. #uskrs #jaja #farbanje #easter #eastereggs ♬ What You Won’t Do for Love – Bobby Caldwell

Резултат:

Секое јајце ќе има уникатен изглед кој потсетува на мермер, акварел или дури и галаксија! Плус, овој метод е идеален ако боите јајца заедно со децата – забавен е, не бара прецизност, а нередот е минимален.

Ако сакате дополнителен одличен ефект, користете бои со метални или бисерни пигменти – резултатот ќе биде неверојатен, а вашата велигденска трпеза ќе добие вистински гламурозен детаљ!

Велигден е време на радост, семејни собири и мали ритуали кои не поврзуваат – а бојадисувањето јајца со фолија дефинитивно заслужува место во семејната традиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот