Фото: Screenshot

ВИДЕО | Ибрахимовиќ е во одлична форма: На 44 години прави „ножички“

И по завршувањето на славната фудбалска кариера, Златан Ибрахимовиќ го привлекува вниманието на јавноста, сега со ново видео кое самиот го сподели на социјалните мрежи, каде уште еднаш потврди дека годините за него се само бројка.

На 44 години, легендарниот шведски ас демонстрираше извонредна физичка подготвеност изведувајќи атрактивен удар со „ножички“ во базен.

Со краткиот, но типичен натпис „стил“, Ибра уште еднаш потсети зошто секогаш бил еден од најхаризматичните ликови во светот на фудбалот. Познат по своите акробатски потези на теренот, Златан покажа дека и понатаму се одржува во форма.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот