ВИДЕО I Протести и контрапротести во Вашингтон: Судири меѓу приврзаници и противници на Трамп

Фото: EPA-EFE/GAMAL DIAB

Неколку часа откако десетици илјади лица изразија поддршка на американскиот претседател Доналд Трамп и протестираа против, како што рекоа, украдени избори, избија судири меѓу нив и контра-демонстранти.

Видеа поставени на социјалните мрежи покажуваат насилство што изби по улиците во ноќта.

„Вашингтон пост“ објави дека маж бил прободен со нож.

Во раните вечерни часови, полицијата пријави најмалку десет апсења од кои четири за поседување оружје.

Првите извештаи беа дека вчерашните протести биле генерално мирни, со исклучок на изолирани случаи на насилство и конфронтација меѓу демонстрантите кои го поддржуваат Трамп и контра-демонстрантите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот