Фото: Градот Газа пред и по израелските напади/Монтажа

ВИДЕО I Израел тврди дека освоил 40 отсто од Газа Сити – потресна снимка го покажува градот пред и по нападите

Портпаролот на израелската војска, Ефи Дефрин, изјави дека армијата моментално контролира околу 40 отсто од градот Газа и продолжува со плановите за целосно заземање на градот, нагласувајќи дека израелските сили се блиску до преземање контрола врз половина од неговата територија, објави Тајмс оф Израел.

Израел минатата недела го прогласи градот Газа, кој се наоѓа во северниот дел на појасот, за борбена зона. Делови од градот веќе се сметаат за „црвени зони“, од каде што Палестинците беа наредени да се евакуираат пред очекуваните жестоки борби.

Во Газа убиен 31 Палестинец вклучувајќи тројца кои чекале помош

Дефрин, исто така, ги отфрли извештаите дека началникот на генералштабот, генерал Ејал Замир, се спротивставува на операцијата, велејќи дека Замир целосно го поддржува планот за заземање на градот. Тој додаде дека Замир јасно ставил до знаење дека, доколку не се појави алтернативна рамка за „денот по војната“, Израел ќе воспостави воена управа во Појасот Газа.

Израелска армија влезе во близина на центарот на Газа

Израелската војска започна кампања во Газа како одговор на нападот предводен од Хамас врз јужен Израел на 7 октомври 2023 година, при кој беа убиени околу 1.200 лица, а 251 беа земени како заложници.

Според Министерството за здравство во појасот Газа, кое е под раководство на Хамас, најмалку 63.746 лица се убиени во израелските напади оттогаш.

Министерството соопшти и дека досега 367 лица починале за време на војната поради неухранетост и глад.

На социјалните мрежи се појави вознемирувачко видео што прикажува споредба на изгледот на градот Газа на 8 јули 2023 година и на 2 септември 2025 година, по израелските напади.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!