фото: EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

ВИДЕО | Хјустон ја продолжи серијата против Голден стејт

Кошаркарите на Хјустон го победија Голден стејт со 131:116 и се изборија за шести натпревар од првото коло во плеј-офот во НБА лигата.

ВанВлит ги предводеше Рокетси со 26 поени, додека Ајмен Томпсон постигна еден поен помалку.

Дилон Брукс постигна 24 поени, Алперен Шенгун запиша 19 поени, со по девет скокови и асистенции, а Џејлен Грин додаде 11 поени.

Мозес Муди беше најефикасен играч за гостинскиот тим со 25 поени, Стеф Кари, а Џими Батлер реализираше осум.

Следниот натпревар ќе се игра помеѓу петок и сабота во салата на Вориорс во Сан Франциско.

Хјустон или Голден стејт во полуфиналето на Западната конференција ќе игра против Минесота.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот