Фото: EPA-EFE/Juan Ignacio Roncoroni

ВИДЕО | Хаос во Суперкласико: Поранешниот голман на Манчестер Јунајтед ќе се степаше со своите навивачи

Во Аргентина вчера се играше дербито помеѓу Бока Јуниорс и Ривер Плата кое заврши со победа на гостите 0:1.

Натпреварот беше полн со драматични моменти, но вистинскиот хаос се случуваше по неговото завршување. На патот кон соблекувалната фудбалерите на домаќините беа жестоко навредувани од своите фанови за прикажаното во најголемото дерби во Аргентина.

Поголемиот дел од фудбалерите не реагираа, но поранешниот голман на Манчестер Јунајтед кој сега го чува голот на Бока, Серхио Ромеро ги загуби нервите. Ромеро иако беше на половина пат до соблекувалната се врати да се пресмета.

Ситуацијата беше блиску до физичка пресметка, меѓутоа за среќа на крајот се остана на вербална расправија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот