Игор Џамбазов со кучето / Фото: Принтскрин / Инстаграм

ВИДЕО | „Хаос во населбата Козле…“: Игор Џамбазов се пожали како го пречекала Ферхунде во нивниот дом

Македонскиот актер и шоумен Игор Џамбазов е познат по својата љубов кон животните. До пред десетина години го чуваше Бошко, куче од расата пинч, а во 2011 година ја вдоми мачката Емилија, која за жал почина. Веќе е познато дека Игор вдоми куче, кое го крсти Ферхунде Граникова, која подоцна стана Џамбазова.

Јавноста многу добро ја познава Ферхунде, таа е речиси на сите објави кои Џамбазов ги споделува на својот инстаграм-профил. Сега, актерот сподели видео со кое слатко ги насмеа неговите обожаватели.

Имено, Игор се пожали како го пречекала Ферхунде во нивниот дом. На почетотокот на видеото тој го спомнува Бошко, неговото познато куче, а потоа може да се забележат расфрлани и искинати работи низ собата во која Ферхунде ужива, лежејќи си на креветот.

„Еее, ова беше куче – Бошко Џамбазов, ѕвезда. А, види ова, гледајте ова, гледајте ја ѕвездата од Дојран. Покондирена скопјанка. Хаос во населбата Козле, хаос…“, вели Игор додека го снимал хаосот во неговиот дом.

Видеото предизвика многу позитивни реакции и коментари кај следбениците на Игор и сите застанаа во одбрана на Ферхунде.

„Не ми ја чепкај Ферхунде“; „Си ја оставил сама дома, лута ти е“; „Ферхунде, нешто нервозна или лута ти била“, беа дел од коментарите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Igor Djambazov (@igordzambazov)

ФОТО | „Неговата среќна ѕвезда сè уште ме штити“: Игор Џамбазов со емотивна објава за роденденот на дедо му Петре Прличко

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот