Национална арена „Тодор Проески“ - Скопје/фото: ffm.mk

ВИДЕО | Говорот на омраза нема место во фудбалот

Хелсиншкиот комитет за човекови права заедно со Фудбалската Федерација на Македонија и фудбалерите од македонската лига испраќаат јасна порака:

Говорот на омраза нема место во фудбалот! Фудбалот не е само спорт – тоа е страст, љубов и игра што нè обединува. На трибините, на теренот и надвор од него, фудбалот треба да биде симбол на единство, почит и фер-игра.

Кога се натпреваруваме, да го правиме тоа со почит – и кон противникот, и кон играта. Кога навиваме, да го правиме тоа со срце. Поддржи фер-игра – на теренот и на трибините. Биди дел од позитивната промена. Избери почит. Избери фер-плеј.

Целта е да се подигне свеста кај луѓето со цел да се избегнат немили сцени на трибините, навивачите кои присуствуваат да промовираат спортски вредности наместо навреди.

Ваквата порака се праќа на денот кога и официјално стартува новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот