
ВИДЕО | „Гори“ сцената на Евровизија 2025: Настапите на Ерменија и Малта предизвикаа вистинска еуфорија во арената во Базел
Енергичиот настап на ПАРГ кој ја претстави Ерменија на второто полуфинале на Евровизија 2025 со песната „Survivor“ беше неверојатен и успеа да предизвика лавина реакции на социјалните мрежи.
Препорачано
„Многу ми се допаѓа Ерменија“, „Атрактивни перформанси“, „Тие се сто проценти квалификувани“, „Премногу тестостерон. Смири се“, се само дел од коментарите за неговиот настап на „Икс“.
ПАРГ, или Паргев Варданијан, е уметник познат по мешањето на традиционалните ерменски елементи со модерните звучни пејзажи. Во 2021 година, тој го издаде својот деби сингл.
Неверојатен беше и настапот на Мирјана Конте, која ја претстави Малта со песната „Serving“.
Конте ја „осветли“ сцената со енергична изведба и бројни специјални ефекти.
Малта, според предвидувањата на обложувалниците, се смета за еден од фаворитите за победа, а ќе видиме дали предвидувањата ќе се остварат.
Миријана Конте е пејачка позната по своите енергични настапи и бестрашен пристап кон музиката.
Со глас што привлекува внимание, таа ужива во мешањето на современиот поп со остри и динамични елементи, поместувајќи ги границите и вокално и визуелно.
Таа се занимава со музиката од петгодишна возраст, кога почнала да зема часови по пеење, а веќе се обидела да стигне до Евровизија кога имала само 16 години.
Следете ја Евровизија 2025 во живо на видетото во прилог: