Фото: „Икс“ / скриншот

ВИДЕО: Гори црква во Мичиген, имало пукање и еден човек загинал

Најмалку еден човек е убиен, а деветмина се повредени во пукање во црква во американската држава Мичиген, јавија локалните медиуми.

Пукањето се случило во мормонска црква во Гранд Блан, околу 80 километри северно од Детроит. Според првичните информации, напаѓач вооружен со автоматска пушка отворил оган врз верници собрани во храмот на неделна богослужба.

На социјалните мрежи се објавени снимки кои покажуваат како црквата и придружните објекти горат по крвавиот инцидент.

Пожарот што ја зафати црквата е изгаснат, соопштија властите на прес-конференција попладнево. Истрагата за пукањето е во тек.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот