ВИДЕО | Големо откритие: Најдена мумија со златен јазик од времето на Клеопатра

Мумија со златен јазик е најдена во Египет на локацијата Тапосирис Магна. Се проценува дека е стара околу 2000 години и дека потекнува од времето на владеењето на Клеопатра.

Археолозите претпоставуваат дека златниот јазик бил ставен во мумијата за време на балсамирањето, за таа да може да разговара со богот на подземниот свет, Озирис по нејзината смрт, објави египетското Министерство за туризам и антиквитет.

Не е јасно зошто јазикот бил направен од злато, ниту дали лицето кое било мумифицирано имало некакви проблеми со говорот во текот на неговиот живот.

Мумијата е пронајдена од тим археолози предводен од Кетлин Мартинез од Доминиканската Република во една од 16 гробници на тој локалитет.

Тапосирис Магна е локација на којашто се пронајдени храмови посветени на Озирис и Изида, божицата која била сестра и сопруга на Озирис.

Претходно археолозите на истото место пронајдоа голем број монети со ликот на Клеопатра, последната владетелка на Египет.

Сите 16 гробници се стари околу 2.000 години.

Во една од нив е откриена женска мумија со посмртна маска која покрива поголем дел од нејзиното тело и ја покажува со прекривка на главата додека се насмевнува.

Пронајдени се и две мумии со остатоци од свитоци, кои во моментов се анализираат. На една од мумиите се најдени златни украси на Озирис.
Археолозите откриле и неколку многу добро сочувани статуи кои ги отсликуваат ликовите на погребаните.

Според научниците, овие статуи датираат од времето на владеењето на династијата Птоломеи, која владеела со Египет од 304 до 30 година п.н.е., или периодот на владеењето на антички Рим, по смртта на Клеопатра 30 п.н.е.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот