ВИДЕО | Голеада и пресврт во една минута на „Енфилд“ за победа на Ливерпул против Фулам

Фото: EPA-EFE/TIM KEETON

Ефикасно попладне понудија натпреварите во терминот од 15:00 часот во Премиер лигата, а најинтересно беше на „Енфилд“ каде што Ливерпул со 4:3 го совлада Фулам кој денес беше достоен противник на избраниците на Јирген Клоп.

Се играше 20. минута од средбата кога Александар Арнолд со мајсторски гол од слободен удар го отвори резултатот, но Фулам само четири минути подоцна преку Вилсон дојде до изедначување.

Во 38. минута видовме нов прекрасен гол во мрежата на Фулам кој сега беше дело на Мекалистер. Сепак, гостите не дозволија да одат со негатива на полувреме и во завршницата од првиот дел преку Тете изедначија на 2:2.

Најголемите возбудувања се случуваа во последните десет минути од средбата. Прво Кордова погоди за пресврт на гостинскиот тим и кога изгледаше дека Фулам може да го приредени најголемото изненадување попладнево на сцена стапија Ендо во 87. и Арнолд со својот втор гол во 88. минута за конечни 4:3.

Ефикасно беше и на другите средби Челси со 3:2 го совлада Брајтон, Борнмут и Астон Вила одиграа 2:2, а немаше победник и на средбата Вест Хем Кристал Палас (1:1).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот