Мајкл Џеј Фокс / Фото: XNY / StarMax / Profimedia

ВИДЕО | Глетка што го растажи светот: Мајкл Џеј Фокс се појави на Сад опен, едвај стана од инвалидската количка за да позира

Финалето на САД опен, последниот Гренд слем во сезоната, минатиот викенд беше главниот спортски настан. Во публиката имаше многу познати лица, вклучувајќи го и Мајкл Џеј Фокс, актерот од „Назад во иднината“, на големо задоволство на навивачите.

Пред почетокот на натпреварот, тој застана на синиот тепих на САД опен и накратко стана од инвалидската количка во која беше донесен за да позира пред фотографите, а видеата од актерот кој долги години страда од Паркинсонова болест го растажија светот.

Мајкл Џеј Фокс / Фото: XNY / StarMax / Profimedia

Имено, видеото со Мајк беше објавено на Инстаграм и за брзо стана вирално, а голем број корисници го изразија своето воодушевување од борбата на актерот со тешката болест.

„Овој човек е олицетворение на сила“; „Мајкл, ти си неверојатен човек и вистински борец“; „Мој херој! Неодамна ми беше дијагностицирана Паркинсонова болест. Целата работа што тој и неговиот тим ја направија за истражување на ова е многу ветувачка“; „Го сакам. А неговата сопруга заслужува најголема почит“, се некои од коментарите под видеото.

Инаку, Мајк Џеј Фокс дозна за неговата тешка дијагноза во 1991 година, по снимањето на филмот „Докс Холивуд“. Актерот забележал дека малиот прст му се грчи, но не обрнал многу внимание на тоа. Кога неговите симптоми почнале да се влошуваат, тој посетил лекар и дознал дека има Паркинсонова болест.

Во мај 2000 година, Фокс ја основа Фондацијата „Мајкл Џеј Фокс“ за истражување на Паркинсоновата болест за да помогне во истражувањето на оваа тешка болест и да им помогне на сите оние кои страдаат од неа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mickey Blank 🗽 (@mickmicknyc)

Мајкл Џеј Фокс: Црниот хумор ми помага полесно да се справам со Паркинсоновата болест

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот